Пендаровски: Ние во Скопје не сме виделе предлог од Франција

 

Претседателот Стево Пендаровски нагласи дека до властите во Скопје не е стигнат никаков француски предлог.

-Ние во Скопје тука немаме видено француски предлог. Ние разговараме со нашите бугарски колеги и за тие разговори одвреме навреме сте информирани од МНР, вели Пендаровски.

Тој не сакаше да коментира што се случува во Софија, затоа што, не би сакал ниту некој од надвор да ги коментира нашите внатрешни политички случувања.-Не би сакал јас од тука да давам проценка дали ќе успее во Парламентот тоа што тие имаат намера да го стават за гласање, дали Владата на Петков ќе остане, тоа е внатрешна бугарска политичка работа. Не е наше да коментираме, рече македонскиот претседател.

Мишел и Пендаровски, на средбата разговарале и за предлозите за европската политичка заедница.

-Ќе бидам јасен ова не е алтернатива за проширувањето за земјите. Убеден сум дека овој процес ќе ни овозможи да ја продлабочиме и да ја унапредиме соработката. Исто така ова ќе биде еден поттик за соработка и меѓу партнерите со ЕУ, истакна претседателот на Европскиот совет.

Политичката заедница, нагласи тој, е неопходна поради војната во Украина.

-Потребна ни е веднаш платформа која ќе ги им овозможи на 27-те лидери на ЕУ и на земјите од Балканот и од источното партнерство, но, исто така и на некои други пријатели и соседи на ЕУ да соработуваат и да ги координираат некои теми од заеднички интерес, некои геополитички теми, вели Мишел.

 

16.06.2022 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа