Пендаровски: Немам намера да одам во Бугарија и да зборувам за Цар Самоил и за историја

Македонскиот претседател Стево Пендаровски гостуваше во „Топ Тема“ на „Телма ТВ“ при што кажа дека нема намера да оди во Бугарија за да разговараат за историја.

„Можеме да разговараме за реални теми, но не и за историја. Немам намера да зборувам за Цар Самоил за 10 или 11 век. Немам добиено мандат во 2019 година за да ја враќам мојата земја во 19 век“, кажа Пендаровски.

Пендаровски посочи дека реториката меѓу Македонија и Бугарија во последниот период е смирена, а за тоа причина била преговарачката рамка.

03.10.2022 - 20:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега