Пендаровски: Нема да ги лажам младите дека за неколку месеци никој нема да им бара партиска книшка за вработување

Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју на ТВ 24 уште еднаш повтори дека неговата изјава дека ако бил млад, ќе се иселел од Македонија е само искрен однос кон младите. Нагласи дека тој никогаш нема да каже нешто, само колку некому да направи ќеиф и дека никогаш нека да ги лаже младите.

 

-Јас кажав дека ако сум на нивна возраст, и Македонија ќе отвара едно поглавје годишно со ЕУ, а претходно 15 чека за почнување преговори, со ниски плати, ќе се иселев и немаше да му верувам на ниту еден политичар. Изборот е да ги лажам младите: за неколку месеци никој нема да ви бара книшка да се вработите, тоа ќе биде само според вашите квалитети, платата ќе биде 1.500 евра… или да ја зборувам вистината. Од мене никогаш нема да чуете политичка фраза за да направам некому ќеиф. Ако мојата изјава ги натера да се селат, а не целата ситуација во изминативе 30 години…, вели Пендаровски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2019 - 23:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега