Пендаровски на средба со словенечкиот премиер Роберт Голоб

Претседателот Стево Пендаровски денеска во рамки на НАТО Самитот оствари средба со претседателот на Владата на Словенија Роберт Голоб, при што изрази очекување дека ќе продолжи одличниот развој на билатералните релации на политички и економски план.

Пендаровски, како што соопштија од неговиот кабинет, најпрвин го честитал формирањето на новата словенечка влада, а потоа со соговорникот разговарал за прашањето на европската интеграција на Северна Македонија и регионот, кое е постојано високо на словенечката надворешно-политичка агенда. Претседателот Пендаровски се заблагодарил за постојаната словенечка поддршка за нашето пристапување кон ЕУ.

На средбата исто така се разговарало и за одличната соработка во областа на одбраната, која е особено значајна за двете земји како сојузнички во НАТО.

30.06.2022 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега