Пендаровски на средба со претставници на здружението „Гласен Текстилец“: Достоинствен живот за секој работник во Македонија

 

Претседателот Стево Пендаровски, денеска прими претставници на Здружението на граѓани на текстилните, кожарските и чевларските работници „Гласен Текстилец“ од Штип, соопштуваат од претседателскиот кабинет.

Соговорниците го запознаа претседателот Пендаровски со проблемите и со предизвиците со коишто се соочуваат овие работници, како што се евидентирањето на работното време, трудовиот инспекторат, нехуманите услови за работа. На средбата ги споделија и идеите, проектите и реализираните активности во насока на унапредување на правата на работниците во текстилната, кожарската и чевларската индустрија.

Една од оснoвните заложби на Здружението, како што го информираа Претседателот на средбата, е работниците во овие индустриски дејности да добијат можност за поголема едукација, со цел подобрување на нивната информираност, но и зголемување на јавната свест за правата на работниците во овие области.

Претседателот Пендаровски истакна дека една од неговите главни цели е токму поттикнувањето политики коишто овозможуваат достоинствен живот за секој работник во  Македонија, бидејќи работничките права се темелни вредности врз кои се градат сите други граѓански права.

 

Изразувајќи поддршка за нивните активности, Претседателот ја поздрави и нивната заложба за промоција и запазување на највисоките стандарди на чесност и одговорност, политика на нула-толеранција во однос на случаи на измама и корупција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2020 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега