Пендаровски- Младеновски: Северна Македонија е на прво место во регионот по бројот на спорови решени во доверлива и економична постапка

Претседателот Стево Пендаровски, денеска прими делегација на Комората на медијатори на Република Македонија, предводена од нејзиниот претседател Славе Младеновски.

„Младеновски информираше за конкретните активности на Комората  и на медијаторите, кои се вистинско место за заштита на интересите на граѓаните. Комората постои две години, а Северна Македонија е на прво место во регионот по бројот на спорови решени во доверлива и економична постапка. Поголем број спорови решени по пат на  медијација, носат  економичност, ефикасност и брзина во решавање на споровите, заштеда во буџетот на граѓаните и на државата и намалување на степенот на конфликтност во општеството“ стои во соопштението од претседателскиот кабинет.

Претседателот Пендаровски ја нагласи важноста на медијаторите како носители на демократско право за пристап до правдата надвор од судовите, притоа  обезбедувајќи примена на начелото на владеење на правото и еднаков пристап до правда за сите и почитување на европските стандарди во примената на медијацијата во државата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2019 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега