Пендаровски-Милановиќ: Искрена и јасна хрватска поддршка за македонските евроинтеграции

 Претседателот Стево Пендаровски денеска во „Вила Билјана“ во Охрид оствари средба со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.

Како што информираат од Кабинетот на Прендаровски, на средбата било констатирано дека севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Хрватска се карактеризираат со отворен и пријателски дијалог на сите нивоа, без отворени прашања, со одлична соработка на регионален и мултилатерален план, со акцент на сојузништвото во НАТО.

Двајцата претседатели разговарале за актуелните состојби поврзани со аспирациите на земјите од Западен Балкан за членство во Европската Унија, како и за економските предизвици предизвикани од руската инвазија врз Украина.

Претседателот Пендаровски потенцираше дека Хрватска е еден од најголемите поддржувачи на нашата евроинтеграција и се заблагодари за искрената и јасна хрватска поддршка, при што двајцата претседатели порачаа дека деблокадата на Северна Македонија е предуслов за стабилноста на регионот и на Европа.

На средбата, како што се посочува во соопштението, е разговарано и за положбата на македонската заедница во Хрватска и хрватската во Северна Македонија при што беше нагласено дека правата на малцинствата во двете земји се на високо ниво и беше изразена подготвеност за нивно дополнително унапредување.

17.06.2022 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега