Пендаровски - Кулеба: Целосна поддршка од Северна Македонија за Украина и украинскиот народ

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Давос, имаше кратка средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.

Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, во разговорот со Кулеба ја реафирмирал целосната поддршка за Украина и украинскиот народ, посочувајќи дека Северна Македонија како членка на НАТО, во рамки на можностите ќе продолжи да пружа воена, хуманитарна и дипломатска помош на Украина со крајна цел прекин на воената агресија, одбрана на демократските вредности и воспоставување на мир.

Кулеба изразил благодарност за поддршката од Северна Македонија, декларирана и во писмото упатено од претседателот Пендаровски до украинскиот претседател Зеленски.

25.05.2022 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега