Пендаровски ќе се сретне со Заев во „Вила Водно"

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска  во 16:15 часот ќе го прими претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

Средбата ќе биде во Вила Водно каде Пендаровски седна на претседателското столче.

Инаку, во вториот круг од изборите Пендаровски победи со освоени 436.212 гласа или 51,66 отсто од гласовите на граѓаните кои излегоа на гласање, наспроти противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Гордана Силјановска Давкова, која освои 377.713 гласови или 44,73 отсто од вкупниот број.

Во 2014 тој беше кандидатот на СДСМ за претседател на државата, но на изборите загуби од Ѓорге Иванов со 398 илјади гласа.

Кога победи на 5 Мај рече дека ќе биде претседател на сите, и претседател кој обединува.

Инаку, одзивот беше 46,70 отсто. Неважечки ливчиња се 30.442, односно 3,61 отсто.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2019 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега