Пендаровски ќе го потпише Инструментот за пристапување кон Северноатлантскиот договор

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе го потпише Инструментот за пристапување на Република Македонија кон Северноатлантскиот Договор.

– Денеска ќе го потпишам Инструментот за пристапување на Република Северна Македонија кон Северноатлансткиот Договор, претходно парафиран од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, објави претседателот на својот официјален профил на Фејсбук.

Наведува дека потпишувањето на инструментот е финалниот чекор за членството во НАТО.

– Во вонредни околности ја реализираме една од двете најважни стратешки цели на државата – полноправно членство во најголемата воено-политичка организација на светот, додава претседателот Пендаровски во објавата на Фејсбук. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.03.2020 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега