Пендаровски: Ќе беше доволен телефонски повик од Мицкоски за да му го дадам мандатот

Опозицијата во еден момент навистина имаше 61 пратеник со потпис, нема дилеми околу тоа. Сосема легитимно е после изгласување на недоверба на владата, мандатот да се даде на партијата која е следна по број на гласови, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ, изјави претседателот Стево Пендаровски во интервју за Сител.

-Доколку изгласаа недоверба на владата и притоа имаа и 61 пратеник за втората фаза а тоа е избирање на нова влада, ќе беше доволен еден телефонски повик од лидерот на најголемата опозициска партија и тука немаше дилеми. Уставот не остава маневарски простор да се мисли. Уставот вели дека мандатот мора да се даде на оние кои го имаат мнозинството, вели Пендаровски.

 

22.11.2021 - 21:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега