Пендаровски „југото“ го добил на лотарија

Пендаровски откри дека „југото“ го добил на лото, односно на лотарија, и затоа веројатно му е толку драго. Во емисијата Топ тема на Телма на прашање на новинарката „дали некогаш добил на лото“, Пендаровски одговори дека новинарката знаела и некои интимни работи од неговиот живот и откри како го добил познатото „југо“, чија приказната го следи низ целата кампања.

Тој во неколку наврати досега го спомена југото.

Во интервју за весникот Вечер кандидатот за претседател Стево Пендаровски откри дека „југото му е многу драго и секако дека ќе го чува“.

„Југото“ го спомена и во емисијата „Еден на Еден” каде објаснуваше зошто тој треба да е претседател.

„Човек кој има Југо и гура Југо, знае и како да ја гура државата“, изјави Пендаровски низ смеа.

Инаку, Пендаровски одвреме-навреме „југото“ „го позајмува“ на неговиот дедо.

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2019 - 21:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега