Пендаровски: Јазикот и културата се фундаменти на секој народ

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 22 Ноември – Денот на албанската азбука, упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во Македонија, посакувајќи, пред сè, добро здравје и благосостојба.

„На 22 ноември пред 112 години видните албански интелектуалци од целиот Балкан се собраа во Битола за да ја унифицираат албанската азбука. Токму овој чин е основа за кодифицирање на албанскиот литературен јазик и меѓник за развојот на албанската култура и духовност, и столб на национална себеидентификација. Горди сме што Денот на албанската азбука веќе 14 години е државен празник со кој се гордеат не само Албанците, туку и сите граѓани на нашата татковина.

Јазикот и културата се фундаменти на секој народ и нивната негација значи обид за ништење на националната припадност. Во 21 век таквите обиди не можат да наидат на плодна почва и ќе бидат осудени на неуспех.

Би сакал да ја искористам оваа можност и во време кога сме во кризна состојба предизвикана од пандемијата со Ковид-19, уште еднаш да апелирам да останеме сплотени, солидарни и одговорни и да се заштитиме себеси, најблиските и целата заедница.

Нека е честит 22 Ноември, Денот на албанската азбука“ напиша Пендаровски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2020 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега