Пендаровски изрази сочувство до семејството на загинатите деца во експлозијата во Романовце: Загубата е ненадоместлива

Претседателот Стево Пендаровски попладнево на својот фејсбук профил изрази сочувство до семејството кое загуби три деца во експлозија на плинска боца во кумановското село Романовце.

– Сочувство за семејството и блиските за несреќата во кумановското село Романовце во која животот го изгубија три деца, а уште шест лица се повредени. Загубата е ненадоместлива, се надевам повредените, на кои во моментов им се пружа медицинска помош, ќе бидат добро, напиша Пендаровски.

Експлозијата се случи денеска околу 10 часот во Романовце. Загинаа три деца на возраст од 8, 9 и 11 години. Во несреќата седум лица се повредени и се здобиле со изгореници. Од нив четворица се во тешка состојба со висок степен на изгореници и се на лекување во Скопје. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2020 - 17:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега