Пендаровски: Делчев како историска фигура ги надминува регионалните граници, зошто тогаш да не го слави и Бугарија

Гоце Делчев е историска фигура која ги надминува регионалните граници, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски, посочувајќи дека, поради тоа, не е спорно која била држава да ги слави и чествува ликот и делото на револуционерот.

„Тоа што не двои треба да треба да не обединува. Ако тие тврдат дека тој бил Бугарин кој се борел за бугарската кауза, не е спорно да го слават како битен историски лик“, изјави Пендаровски, како одговор на новинарско прашање, по завршувањето на денешната седница на Советот за безбедност.

Претседателот посочи случај кога „голем македонски националист“ положил цвеќе веднаш по подигањето на споменикот на Скендер бег во Скопје, со објаснување „па тој е наш“.

„Дали за сите историски ликови треба да се расправаме чии се и за кого и за што дејствувале. Дали треба да спориме, на пример, дали Мајка Тереза била Албанка или Македонка или скопјанка …“, изјави Пендаровски.

Во однос на писмата што тој и премиерот Зоран Заев ги испратија до патријахот Вартоломеј за признавање на автокефалноста на МПЦ, Пендаровски оцени дека не станува збор за мешање на световната во црковната власт.

Пендаровски со барање до Вартоломеј: Нашите православни христијани конечно да бидат еднакви со другите во светот

„Македонската православна црква и тогаш кога не сме имале држава била во заштита на македонскиот идентитет. Зошто сега кога гледаме дека македонскиот идентитет е утврден и заштитен да не се заложиме за решавање и на црковното прашање “, изјави Пендаровски, по седницата на Советот за безбедност, на која централна тема била безбедносно-политичката ситуација во земјава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2020 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа