Пендаровски: Албанците уште не се рамноправни со Македонците

Стево Пендаровски кој треба да стапи на функцијата претседател веќе од недела, во интервју за Албанската Радио Телевизија, истакнал дека Албанците сеуште не се рамноправни со Македонците во земјаата, иако имало големо подобрување, ја пренесува изјавата Алсат.

Тој го истакнал бројот на Албанците во администрацијата.

- Во 2001. и 2002. година по потпишувањето на Охридскиот Договор, во цела администрација имаше Македонци и само 2,4 отсто Албанци, а денес имаме над 19 посто застапеност на Албанците, истакнал тој.

Вели не се еднакви со Македонците, но се во многу подобра позиција отколку претходно.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.05.2019 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега