Битолски Пелистер ќе има нов тренер. Вчерашното „реми“ со Шкендија во рамките од 9.коло, се покажа како не доволно, Димитар Капинковски да ја задржи тренерската функција.
Денеска од таборот на зелено-белите информираа дека е прекината соработката со Капинковски и дека клубот набрзо ќе биде назначен нов тренер.
ФК Пелистер ја известува јавноста дека се раздели со шефот на стручниот штаб Димитар Капинковски.
Клубот му се заблгодарува на Капинковски за ангажманот и прифесионалноста и му посакува успех во понатамошниот тек на кариерата.
Во првите девет натпревари Пелистер запиша две победи, еден нерешен резултат и шест порази.
Клубот деновиве ќе го промовира новиот шеф на стручниот штаб.