Јавната установа Национален парк „Пелистер“ постави 72 нови знаци и патокази на новата кружна 16-километарска патека, која го поврзува Инфоцентарот на НП „Пелистер“ со Цапарски Вир и Ротинско Езеро.

Од НП „Пелистер“ информираат дека со новата сигнализација патеката е значително полесно достапна и за помалку искусните посетители.

На 13 јуни ќе биде промовирана новата планинска патека со голем музички настан на Ротинско Езеро под името „Протокол Мираж“. Новиот 16-километарски кружен пат го поврзува Инфоцентарот на Пелистер со селата Цапари и Ротино, а воедно ќе биде промовирана и нова кружна планинска патека што започнува од Цапари и води до еден од најубавите видиковци на Пелистер, познат како Лоша Стена, изјави Иванчо Тошевски, директор на ЈУ НП „Пелистер“ – Битола.

Промотивниот настан го организираат PROJECT 7000 и ЈУ Национален парк „Пелистер“, со поддршка од „Екстрим бајк Битола“, Велосипедската федерација на Македонија и Федерацијата за планинарство на Македонија.

Exit mobile version