Пеколот допрва доаѓа: В среда и четврток температури и до 39 степени

Утре ќе се задржи сончево и топло време, а попладне и во вечерните часови во северените делови ќе има појава на изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. В среда и четврток ќе биде многу топло, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме, најави денеска Управата за хидрометеоролошки работи.

Од петок, пак, според УХМР, ќе преовладува претежно стабилно и топло време.

Максималните температури во државава утре ќе достигнат до 36 степен, задутре до 38 , а в четврток до 39 степени. Во Скопје за утре е прогнозирана максимална температура до 34 степени, а за Гевгелија до 36 степени.

20.06.2022 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега