Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) го објави најновиот извештај за температурите измерени во 11:00 часот низ земјава. Податоците јасно најавуваат дека не очекува екстремно топол ден, бидејќи во најтоплите градови температурата веќе се приближи до 30-тиот степен.

Југот на Македонија и Повардарието традиционално се најжешки во овој дел од денот.

Највисоки температури измерени во 11:00 часот:

  • Гевгелија – 29,6°C
  • Демир Капија – 29,5°C
  • Велес – 28,4°C
  • Кавадарци – 28,4°C
  • Струмица – 28,1°C

Во главниот град Скопје исто така е доста спарно. На мерната станица Скопје-Петровец во 11 часот се измерени 27,6°C, додека на Зајчев Рид се регистрирани 26,9°C. Во Охрид е нешто попријатно со измерени 22,7°C.

Спас од претпладневните горештини има само на планинските центри. На Попова Шапка во 11 часот се измерени свежи 16,9°C, во Лазарополе 18,3°C, а во Крушево 20,1°C. На мерната станица во Тополчани не се регистрирани утрински податоци.

Exit mobile version