Пекол во Австралија: Повеќе од 40 пожари беснеат, а изгореа 30 куќи (ВИДЕО)

Околу 500 пожарникари се борат против пожарите кои се надвор од контрола на истокот во Австралија, а досега изгореа 30 куќи, пренесуваат австралиските медиуми.

Над 40 пожари избија во Нов Јужен Велс. Температурите денеска се пониски, а пожарникарите вчера имаа проблем поради силниот ветер.

Најмногу е погодено селото Рапвил, каде живеат 250 жители, а некои од нив ноќта ја поминаа во училиштата. Се претпоставува дека во тоа село пожарот намерно е предизвикан.

Претставник на локалната противпожарна служба, Мајкл Брет, рекол дека о таа област била забележана „сомнителна активност“. Како што се наведува, изгореле 100.000 хектари нискостеблеста шума, а дожд се очекува в петок.

Неколку луѓе се пренесени во болница поради помали изгореници и проблеми со дишењето. Точниот број на повредени не е познат. Австралискиот премиер Скот Морисон оцени дека ситуацијата е опасна.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега