Пејачот повторно минува низ пекол: Лековите не помагаат, докторите му го кажале ова

Фолк пејачот Дарко Лазиќ кој со месеци закрепнува после тешката сообраќајна несреќа која му се случи во октомври минатата година, се повредил самиот при спиење и тоа на веќе повредената нога и имал огромни болки .

Докторите му рекле дека додека ногата која му е повредена не закрепне, мора строго да води сметка за неа при движење и при спиење.

-Имав големи болки. Се повредив немам поим ни самиот како. Незгодно сум спиел, се свртев на страната на која не смеев, се разбудив и умирав од болки. Земав лекови но не помогнаа - рекол пејачот за српските медиуми и не сакал да детализира како на крајот го решил проблемот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.04.2019 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега