Пејачот мистериозно исчезна од социјалните мрежи: Фановите го преплавија интернетот со прашања

Познатиот музичар едноставно исчезна од сите социјални мрежи, што многу фанови ги остави зачудени.

Раперот Стормзи ги избриша своите налози на Инстаграм и Твитер, откако ја доби првата „Грегс црна картичка“.

Оваа картичка му дозволува доживотна храна во ланецот на ресторани „Грегс“.

Фановите беа затечени, па по социјалните мрежи има многу објави во кои тие се прашуваат каде е Стормзи и што му се случило.

Тој, инаку, веќе подолго време е во т.н. „Твитер војна“ со уште еден британски рапер, Вилијем.

Иако Вилијем го повика да ги расчистат сметките на бина, Стормзи во последните твитови речиси и да не напиша ниту еден збор за него, па веројатно се заморил од препукувањата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2020 - 19:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега