Пејачката Аделина Тахири ѝ даде поддршка на Данела Арсовска: Заслужува да биде на чело на нашиот град

Албанската пејачка Аделина Тахири јавно ѝ даде поддршка на независната кандидатка за градоначалничка на Град Скопје, Данел Арсовска. Таа објави фотографија каде ги кажа причините зошто, според неа, Арсовска заслужува да седне во градоначалничката фотелја.

-Како паметна и способна жена што постигнала големи успеси во областа на нејзината професија мислам дека заслужува да биде градоначалник на Скопје. Колку што ја знам – знам дека не поддржува дискриминација на етничка, национална, политичка, партиска, родова, верска и јазична база и оти не ги разликува луѓето. Поради овие причини ценам дека треба силно да се поддржи вистинската личност за да биде на чело на нашиот град, напиша Аделина на Фејсбук.

25.08.2021 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега