Пеел, па се заразил: Митрополитот Амфилохиј се веселел на слава и добил коронавирус

Митрополитот црногорско-приморски најверојатно се инфицирал после литургијата по повод славата на Црквата раѓање на Пресвета Богородица во Кучи, велат неговите соработници, пренесува Курир.рс

82-годишниот митрополит Амфилохиј, кој се лекува во Клиничкиот центар на Црна Гора, се чувствува добро и неговата состојба е стабилна.

Како што пишува Курир.рс со коронавирус најверојатно се заразил кон крајот на септември кога во селото Брскут во Кучи служел литургија по повод славата на Црквата раѓање на Пресвета Богородица.

Амфилохиј после литургијата прославата ја породолжил со мештаните, а притоа се фатил и за микрофон и ја запеал познатата „Јечам жела Косовка девојка“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.10.2020 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа