Павлески осуден за обид за убиство на Села со крварење на мозок во болница - лежи цел во рани

Стојан Павлески, осуден за обид за убиство на Села, од настаните на 27-ми Април, но ослободен и пуштен на условно, веќе 4 месеци лежи на клиниката за трауматологија во тешка состојба со декубитни рани по телото од половина надоле, од кои се шири непријатен мирис, пренесе Досие.

Павлески неколку дена после ослободувањето е нападнат и претепан. Има повреди на рбетот и крварење во мозокот. Лежи неподвижен во горните и долните екстремитети и неговите се жалат дека мораат сами да му ги преврзуваат раните.

На 24.09.2018 од граѓани било пријавено дека на влезот од Зелен Пазар, во паркот лежеле две лица. Полициски службеници излегле на местото, а лицата со возило на Итна медицинска помош биле однесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им била укажана лекарска помош. По преземените мерки било утврдено дека станува збор за лицата В.Т. (58) и С. Павлевски (52), двајцата од Скопје, пишуваше во соопштението од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2019 - 19:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега