Павле Богоевски во полиција

Ова попладне пратеникот Павле Богоевски излегол од полициската станица Центар каде се пријавил себе си и непознат сторител, бидејќи авторот на постот на руската социјална мрежа ВК тврди дека пратеникот по телефон нарачувал да купи кокаин, јавува Телма.

Богоевски тврди дека не купувал кокаин туку канабис масло за близок човек, а во полиција пријави и дека бил нелегално сниман од страна на таксистот кого не го памти.

Богоевски вели дека се што ќе побара полицијата во истрагата тој ќе направи, дури ако треба и тестирање. 

Разговорот од 41 секунда е објавен на профил со име Илија Громовник, кој според достапните информации е отворен вчера под исто име и со иста слика како и профилот кој во време на изборната кампања објави неколку разговори од таканаречените бомби. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2019 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега