Виктор Паунов од ВМРО – ДПМНЕ по вторпат ќе биде градоначалник на Општина Карбинци. Тој вечерва прогласи победа, а според првичните информации за него гласале 1.376 граѓани, а кандидатката за градоначалник на СДСМ Љубица Соколовска освоила 527. Членовите на ВМРО – ДПМНЕ во Општина Карбинци веќе ја слават победа

Дејан Владев од ВМРО – ДПМНЕ и во наредните четири години ќе менаџира со Општина Свети Николе.

-Убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ. Градоначалник во прв круг. Мнозинство во Советот. Благодарам Свети Николе, напиша на својот фејсбук профил Владев.

Exit mobile version