За граѓаните кои планираат да го искористат продолжениот викенд за патување кон Грција, од исклучителна важност е детално да ја проверат опремата во своето возило. Грција воведе нови, строги сообраќајни правила чие непочитување може да ве чини значителни парични казни.

Најважната промена се однесува на комплетот за прва помош. Според новиот стандард (DIN 13164:2022), секое возило мора да поседува сет кој содржи 16 специфични артикли, вклучувајќи термо-ќебе, облоги за изгореници и заштитни маски. Доколку вашиот комплет не е во согласност со овој стандард, се соочувате со казна од 30 евра. Цената на новиот сет се движи околу 31 евро.

Според информациите на грчкиот портал „Прототема“, сообраќајните правила се дополнително заострени:

  • Ограничување на брзината: Во населените места ограничувањето е драстично намалено од 50 км/час на 30 км/час.
  • Задолжителна опрема: Покрај првата помош, во возилото задолжително мора да имате и противпожарен апарат, триаголник, рефлектирачки елек и резервна гума.

Советите за возачите се јасни: проверете ја опремата пред тргнување за да избегнете непријатности и казни на граница или при сообраќајна контрола во Грција.

Exit mobile version