Она што започнало како нежна онлајн комуникација преку Инстаграм, за Патриша од Швајцарија се претвори во едногодишна агонија и финансиска загуба од околу 100.000 евра.

Во мај 2024 година, по следењето на официјалната страница на Бред Пит, таа добила порака од наводен менаџер, по што започнала директна, интимна комуникација со измамник кој се претставувал како актерот.

„Љубов моја, ти си мое сè сега и засекогаш“ – била една од романтичните пораки со кои измамникот ја убедил Патриша дека градат тајна врска.

Барањата за пари започнале со 50.000$ долари за наводна „такса за приватна средба“ со менаџментот, а потоа следеле 10.000$ долари за „медицински трошоци“. Врвот на измамата бил кога Патриша отпатувала во Лос Анџелес за да се сретне со него, каде што поминала три недели сама во хотел чекајќи порака која никогаш не пристигнала.

По враќањето, таа дознала за сличен случај во Франција, кога ја сфатила вистината. „Една година живеев во врска што никогаш не постоела“, признава таа.

Exit mobile version