Патот Гевгелија – Богданци е затворен за сообраќај, соопшти директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.

Претходно Ангелов информираше дека претпладнево цистерна која превезувала нафта излетала од регионалниит пат Гевгелија – Богданци и се превртела после што дошло до истекување на нафта и палење на истата.

„ТППЕ Гевгелија брзо стигна на местото на несреќата и со специјална пена го изгаси  огнот кој предизвика силнен црн чад и во овој момент имаат целосна контрола. Истекувањето на нафтата продолжува понатаму, опасноста од појава на нов оган е сведена на минимум“, истакна Ангелов.

Leave A Reply

Exit mobile version