Патничка во авионот одеднаш почувствувала болка, а потоа од панталоните излегла скорпија

На летот од Сан Франциско до Атланта на американската авио компанија „Јунајтед ерлајнс“, една од патничките ја дочекало неверојатно изненадување во авионот.

– Почувствував силна болка во ногата додека седев на седиштето. Мислев дека ќе престане, меѓутоа, болката беше сè посилна па затоа отидов во тоалетот да проверам за што станува збор – рекла патничката.

Непознатата патничка се шокирала кога видела дека од панталоните излегува вистинска, жива скорпија. Веднаш го повикала екипажот на авионот кои се обиделе да го фатат животното и да го спречат отровното суштество да касне уште некој патник од авионот.

 

На патничката по слетувањето во Атланта ѝ била укажана медицинска помош.

– Никому не му е јасно како скорпијата влегла во авионот. Останува мистерија дали некој намерно ја ставил во кабината на авионот или животното само дошетало – рекле од „Јунајтед ерлајнс“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2019 - 23:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега