Пасошот повеќе нема да биде доволен, пристигнува нов закон - без ова нема да можете преку граница

 

Државјаните на земјите на Западен Бaлкан ќе мораат преку интернет во иднина, од Европската Унија да побараат дозвола за влез во шенген зоната иако не им е потребна виза и да платат такса од 7 евра, во склоп на мерките кои ЕУ ги воведе за многу построг надзор на надворешните граници на Унијата, потврдуваат извори на ЕУ во Брисел.

Оваа одлука, за која се согласиле амбасадорите на земјите членки на ЕУ, сега треба да ја потврди Европскиот парламент, а потоа да ја усвои и Советот на министри на Унијата и од јануари 2021 година ќе стапи на сила оваа нова мерка во склоп на системот ЕТИАС.

Мерката ги опфаќа сите државјани на земјите кои не се членки на ЕУ, на кои ќе им биде потребна виза во шенген просторот на ЕУ, вклучувајќи ги и земјите од Западен Балкан, информира Советот на министри на ЕУ.

Како ќе изгледа процедурата?

После поднесување на барањето, патникот кој планира да оди во шенген зоната на ЕУ во рок од 96 часа ќе добие одговор, односно за 96 часа во ЕИТАС ќе пристигне барањето во случај да биде потребна додатна проверка на податоци.

Дозволата за патување ќе важи 3 години, односно до крајот на важноста на патните документи. Целта е како што изјави Валентин Радев, министерот за внатрешни работи на Бугарија, да се знае кој доаѓа во ЕУ и пред да стигне на граница, така што ќе бидат во состојба побрзо да го запарат оној кој претставува закана за граѓаните.

Како што се наведува во образложението на одлуката, ЕТИАС ќе овозможи однапред да провери и ако биде потребно, да одбие дозвола за патување и влез во шенгенскиот простор на граѓаните од земјите на кои не им е потребна виза.

Сите информации кои ги поднесуваат државјаните на земјите со безвизен режим за шенген автоматски ќе се обработат во базата за податоци на ЕУ и Интерпол за да се утврди дали има основа да се одбие дозволата за патување.

Во образложението за овие мерки ЕУ наведува и дека авиопревозниците и бродарските компании пред качување на патниците ќе мораат да проверат дали тие располагаат со важечка дозвола за премин на границите на Унијата и влез во шенген просторот.

 

 

 

26.04.2018 - 16:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега