Партијата на Села: Заев дали оние кои бираа обвинители од “тефтерчето на Мијалков" ќе одлучуваат за СЈО?

Во моментот кога јавноста очекува функционирање на правната држава и владеење на правото, од оние искри надеж што некогаш ги даде Специјалното јавно обвинителство, денес ова обвинителство станува предмет на  протагонистите на т.н. “бомби"

 Тајните преговори помеѓу премиерот Заев и лидерот на ВМРО, Христијан Мицовски за судбината на СЈО, со исклучок на албанската опозиција за создавање на широк политички консензус, укажуваат дека Северна Македонија продолжува да промовира етноцентричен и исклучувачки дискурс.

 Вклучувањето на ДУИ во овој процес преку функционери кои беа дел од “бомбите" и се главни актери кои го дегенерираа правниот систем со крајна политизација и партизација, како што е случајот со Блерим Беџети кој ќе ја претставува ДУИ во работните групи за изготвување на предлог-законот за СЈО, претставува преседан.

Се поставува прашањето каков легитимитет има ДУИ кој преку Блерим Беџети, кој заедно со Муса Џафери, ги извршуваа наредбите на Сашо Мијалков за назначување обвинители и високи републички судии.

 Дали можеби сега преку законска рамка ќе го направат СЈО специјален партиски суд кој ќе ги амнестира обвинетите и осомничените од ДУИ и ВМРО, кои се дел од предметите на СЈО?

Го повикуваме премиерот Заев да прекине да се поигрува со правдата, особено со Специјалното јавно обвинителство, а уште повеќе поради фактот што ги избрала ВМРО и ДУИ претставени од Блерим Беџети, да ја одредат правната судбината на СЈО.

 Го повикуваме премиерот Заев, под итно да  воспостави широк политички консензус за да создаде политички амбиент за обезбедување перспектива и целосна независност на Специјалното јавно обвинителство, а потоа да се создадат непартиски експертски групи кои ќе изготват предлог-закон во корелација со идејата за основање на СЈО како независен орган кој ќе се справи со кривично гонење на функционери осомничени за криминал и корупција, а кои беа дел од прислушуваните разговори.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2019 - 19:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега