Паровите во Вухан прават свадба после изолација - барањата за венчавки се зголемиле за 300 отсто

Жителите на Вухан, кинескиот град кој беше епицентарот на коронавирусот и кој беше затворен 76 дена, полека почнуваат да се враќаат во нормала, а паровите чија врска опстанала на совршен начин тоа и го прославуваат - со свадба, пишува Си-Ен-Ен.

Според официјалните податоци, барањата за свадба се зголемиле за 300 отсто во однос на претходниот период.

Властите на Вухан минатиот викенд отвориле матична служба за свадби, но првата венчавка била извршена на почетокот на неделата.

Сепак, се додава, после долг период на изолација се очекува и пораст на разводите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2020 - 08:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега