Парламентарни избори во Бугарија закажани за 4 април

Парламентарните избори во Бугарија ќе се одржат на 4 април, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев.

 

-Настаните минатата година јасно покажаа дека Бугарите сакаат промени што побрзо, за земјата да може да се врати на патот на демократијата, рече Радев.

Бугарскиот претседател, кој е многу критичен кон владата на Бојко Борисов, алудираше на демонстрациите во текот на летото во кои граѓаните го обвинија премиерот за поврзаност со олигархијата.

Борисов, кој владее со земјата околу десет години, тогаш одби да поднесе оставка, велејќи дека не сака да „попушти во хаосот во услови на здравствена и економска криза”.

– Во време кога институциите губат доверба и пропаѓаат како тротоари, изборите добиваат клучно значење. Иако одамна е познато дека овие избори ќе се одржат во време на пандемија, ниту една институција не презеде ништо. Јас го насочив вниманието на јавноста кон потребата од соодветни мерки за надминување на проблемите при спроведувањето на изборите, додаде Радев, пренесува БГНЕС.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2021 - 22:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега