„Паркирај совесно!“ и оваа година ќе ги едуцира средношколците од Скопје за правилно и прописно паркирање

ЈП Паркинзи на Општина Центар, Министерство за внатрешни работи на РСМ, Град Скопје, Општина Центар и Коузон Корпорација од денеска во наредните четири месеци ќе го спроведуваат еукативниот проект „Паркирај совесно!. Станува збор за еукација на учениците од трета година од средните училишта во Скопје, како најмлади идни активни учесници во сообраќајот, за правилно и прописно паркирање.

Целта на овој проект, како што соопштуваат од ЈП Паркинзи на Општина Центар, е да ги едуцира средношколците од трета година во Скопје, како најмлади идни активни учесници во сообраќајот, за правилно и прописно паркирање, да ја развие нивната сообраќајна култура и свест за безбедно однесување во сообраќајот, како и да им помогне да стекнат основни предзнаења за сообраќајот и прописното паркирање.

Проектот ќе се одвива во три фази, во првите два месеца во сите средни училишта во Скопје ќе се одржат интерактивни едукативни предавања за прописно и совесно паркирање наменети за средношколците од трета година како потенцијални идни возачи. Третиот месец учениците ќе излегуваат на терен заедно со контролорите на ЈП ПОЦ и сообраќајните полицајци и ќе ги предупредуваат сите несовесно паркирани автомобили, а оние кои се прописно паркирани ќе добијат пофалници. Со цел да се поттикнат поактивно да се вклучат во проектот, учениците ќе имаат задача да направат интересни фотографии од прописно и непрописно паркирани автомобили на паркиралиштата и ќе ги постираат на социјалните мрежи на проектот со интересни постови и хаштази.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2020 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега