Парична казна за жител на Кочани за непочитување на мерката самоизолација

Предлог за казнен налог денеска е доставен за жител на Кочани кој наместо во самоизолазија се прошетал до Основниот суд во Кочани. Обвинетиот пред два дена се вратил од Шведска и на Аеродромот – Скопје потпишал изјава за задолжителна самоизолација.

Од ЈО соопштија дека надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Кочани до Основниот суд во Кочани достави Предлог за издавање на казнен налог против лице кое сторило кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

– Обвинетиот на 17 март 2020 година по четиридневен престој во Шведска – земја со висок ризик од зараза со вирусот КОВИД -19, се вратил во РС Македонија каде на граничниот премин на Меѓународниот аеродром – Скопје бил запознаен со определените мерки за сузбивање и спречување на внесување и ширење на корона вирусот и потпишал изјава за задолжителна самоизолација во период од 14 дена во неговиот дом. Свесен за своето дело и сакајќи да го изврши, не постапил според определените прописи и упатства, туку наредниот ден го напуштил домот и дошол во Основниот суд во Кочани, се наведува во соопштението.

Обвинителството побара изрекување на парична казна против обвинетиот во висина од 100 дневни глоби или вкупно 2.000 евра во денарска противвредност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2020 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега