Папата ќе одржи молитва на „Филип Втори“ - Се очекуваат 50.000 луѓе

Поглаварот на Римокатоличката црква Папата Франциско, ќе го посети Скопје на 7. мај годинава. Веќе е позната неговата агенда во главниот град. Тој ќе одржи молитва на стадионот „Филип Втори“, каде што се очекуваат 40-50 илјади луѓе да присуствуваат нна посетата.

„Тој ќе одржи молитва на стадионот во Скопје, каде што очекуваме да бидат присутни 40-50 илјади луѓе. Потоа ќе ја посети спомен куќата на Мајка Тереза, каде што на врвот има црква, и ќе одржи молитва“, изјави Ариан Аслани, директор на спомен куќата „Мајка Тереза“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2019 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега