Папата Франциско се помоли за мир во Сирија

 

 Папата Франциско ја посвети својата денешна молитва во Ватикан на Сирија и ја повика меѓународната заедница да вложи напори за мирно решение на крвавата граѓанска војна во оваа земја.

- Длабоко сум потресен од актуелната состојба во светот, каде, и покрај сите алатки кои и се на располагање на меѓународната заедница, тешко можеме да се договориме за заедничка акција за мир во Сирија и во другите делови на светот, изјави папата Франциско.

Во минатонеделната молитва, папата го осуди користењето на хемиско оружје во војната во Сирија. 

 

 

 

15.04.2018 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега