Папата Франциско ги критикуваше лажните вести за коронавирусот и вакцините

Поглаварот на Римокатоличката црква, денеска го осуди објавувањето на лажни вести за коронавирусот и вакцините и апелираше да им се помогне на луѓето кои веруваат во такви лаги да ги разберат вистинските научни факти.

Папата Франциско се сретна со новинарите кои формираа мрежа за проверка на фактите во обид да се борат против дезинформациите за пандемијата.

Тој постојано повикува на одговорно новинарство кое ја бара вистината и ги почитува поединците, а таа порака ја повтори и на средбата со новинарите кои работат на проверка на фактите.

„Тешко е да не се забележи дека овие денови, заедно со пандемијата, се шири „инфодемија“, искривување на реалноста засновано на страв, што во нашето глобално општество доведува до експлозија од коментари за погрешни, ако не и измислени вести“, рече папата Франциско.

Додаде дека пристапот до точни информации, засновани на научни податоци, е човеково право кое особено мора да им се гарантира на оние кои се помалку способни да направат разлика помеѓу вистината и купот дезинформации претставени на интернет како факти.

Тој повика на милосрден, мисионерски пристап кон оние кои се жртви на лажни вести и апелираше да им се помогне да ја разберат вистината.

Ватикан, анализираат светските медиуми, зазеде став дека е морално прифатливо луѓето да се вакцинираат против коронавирусот.

 
28.01.2022 - 17:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега