Пановски: Маските не се 100% безбедни против британскиот сој

Микробиолот Никола Пановски смета дека маските не се доволни за одбрана од британската мутација на коронавирусот. Смета дека потребни се рестриктивни мерки, но тие се невозможни поради тоа што ниту економијата, ниту народот тоа не може да го издржи.

Вели дека најважно е граѓаните да не се опуштаат.

– Тоа што порано го викавме два метри растојание не е доволно во затворен простор. Сега со маски веќе не е сто отсто безбедно, а се смета дека со овој сој не е безбедно на два метри двајца да зборуваат без маски ако едниот е инфициран. Да не зборувам за кашлање и кивање, доволно е зборување, за да достигнат тие аеросоли, што не беше претходно можно, Клиничарите кажуваат дека кај британскиот сој на вирусот поретко се губи чуството за мирис и вкус, поизразена е кашлицата. Многу повеќе се лепи за носот, побрзо продира низ клетките, рече д-р Пановски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Според него, законот треба да се смени, треба да не се носат маски таму каде не може да се пренесе вирусот и да му се олесни на народот.

– Во урбани средини нека се носи маска, но не и по села, ливади, ниви и по планини, па дури и во парк кога нема гужва. Второ треба да се тргнат шалови, марами и платнени маски, тие сега не штитат. Надвор не е битно, а во затворен простор треба да стои дека не важи веќе шал или марама, туку мора да се носат сертифицирани заштитни маски, како што се хируршка маска или маска N95. Треба да се засилат мерките, не може луѓе во продавница да влегуваат без маска.

Епидемилогот Драган Даниловски, пак, смета дека мора да се употребат сите средства за да се набави вакцина против Ковид-19.

Околу наводите за вакциналните пасоши, Даниловски рече ако се воведе такво нешто мора да постои и друга алтернатива како негативен ПСР тест.

– Мислам дека ако се воведе такво нешто тоа би било кршење на човековите права без преседан. Сметам дека нема да дојде до такво нешто односно и да се воведе како алтернативна опција или можност би можело да остане поседување на негативен ПСР тест, нагласи Даниловски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2021 - 21:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега