„Во Република Македонија за прв пат се враќа надежта заради тоа што во изминатите години кога беше СДС на власт имавме народ којшто немаше надеж дека може да биде подобро. Сега народот смета дека може да биде подобро и затоа не гласаа и на локалните избори“, вели Ели Панова, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Само вистини“ на Канал 5 телевизија.

Панова нагласи дека денес државата е побезбедна, без престрелки на улиците, се градат четири автопати, а буџетот конечно е реален и стабилен. Панова истакна дека граѓаните сега гледаат дека може поинаку, додавајќи дека Владата е транспарентна и секој ден ги информира граѓаните за проектите, идеите и напредокот.

„Народот и граѓаните во моментот гледаат дека може да биде поразлично. Ние сега гледаме транспарентна Влада којашто секој ден држи прес-конференции за проекти, за идеи, напредок, за тоа што може да се изгради, што се прави во моментот“, истакна Панова.

Таа порача дека додека државата е водена од ВМРО–ДПМНЕ и коалицијата, ќе има пари за се што е потребно затоа што нема да се краде, средствата ќе се трошат домаќински и ќе се распоредуваат одговорно и во интерес на народот.

Exit mobile version