Панова: Опозицијата не е заинтересирана за конструктивен дијалог
Денес за жал не можевме да видиме многу голема активност од страна на пратениците од опозицијата бидејќи оние коишто следеа собрание, сигурно ќе забележеа дека местата за седење на опозицискиот дел беа речиси празни, а таму беа само пратениците коишто беа договорени дека треба да поставуваат пратенички прашања, што за мене е показател дека опозицијата и не така заинтересирана да дебатира бидејќи очигледно многу прашања се веќе одговорени пред јавноста, вели Ели Панова, пратеничката од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашното гостување во „Клан дебата“ на телевизија Клан.
Панова се осврна на една од актуелните теми кои се од интерес на јавноста и за кои информираат медиумите, а тоа се последните собраниски расправи и конструктивноста за време на истите од страна на опозициските партии.
Според неа за една парламентарна демократија многу е корисно да постои силна опозиција и во тој контекст се надева дека како СДСМ, така и ДУИ и сите останати политички партии кои се во опозиција ќе успеат да се консолидираат за да во наредниот период може да се видат дебати коишто и доликуваат на една држава која претендира кон Европската унија.
„Треба да поставуваат прашања пратениците од опозицијата и да бидат присутни, барем да се солидаризираат со оние коишто поставуваат прашања, да ги ислушаат, затоа што тимската работа е многу важна за консолидација и создавање една работна атмосфера, една атмосфера во којашто треба да се родат нови идеи и истите да се преточат во одредени законски решенија“, појаснува Панова во своето натамошно излагање.
Таа потенцира дека во изминатиот период за жал, Собранието е само место каде се прават одредени сценарија кои се недолични и непријатни, а кои потекнуваат од недостигот на доволно идеи за конструктивна дебата и додава дека пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ остануваат достоинствени и го осудуваат секој обид за каков било начин за пресметка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа