Панова: Односот на СДСМ и ДУИ кон државата и народот е причина за активната блокада

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова вечерва гостува во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат М телевизија каде зборуваше и за активната блокада на Собранието на Република Македонија од страна на опозицијата. Панова објасни зошто македонската опозицијата се одлучи на еден ваков чекор.

-Во текот на вчерашниот ден видовме дека собранието не е дом на демократија, начинот на кој што се одвиваше целата седница ни даде една  јасна слика зошто се одлучивме да реагираме на ваков начин. За да објасниме се би требало да  кажеме и еден редослед на настаните и би требало да објасниме во каква ситуација се наоѓа државата и зошто опозицијата се реши токму на овој чекор. Навистина е детски и несериозно да премиерот на државата да одбива средба со претседател на партија односно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ господинот Христијан Мицкоски, одби помош во тимови создадени  за четири области кои што ни се потребни и тоа како одредени промени и за да не се разговара на овие теми, едноставно се одлучи да се направи едно игнорирање на опозицијата, што за една партија која освои најмногу гласови на последните избори е недозволено и од друга страна ова е еден од начините на кои што ние треба да се факторизираме во иднина и да и ставиме на власта до знаење дека не може сама да одлучува за многу битни прашања, од друга страна е неспособна а во исто време што побргу да дојдеме до предвремени парламентарни избори. И токму поради овие работи што ги набројав ние се одлучивме на еден ваков чекор. Ваквиот чекор, тоа е активна блокада на Собранието можеби досега не е видено, но ви минатото сме виделе други начини на блокада и бојкот на собранието, ние не го бојкотираме но ќе го блокираме со активност во наредниот период, рече Панова.

12.05.2022 - 22:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега