Паника во Киев: Метроата затворени поради дојави за бомби

Метрото „Плоштад на независност“ во Киев е затворено трет пат во изминатото деноноќие поради закана дека таму е поставено експлозивно средство. Од истата причина е одново затворена и соседната метро станица „Крешчатик“.

Во подземната железница веќе работат тимови на милицијата и деминери. Од проверките ќе биде јасно со каков распоред ќе работи киевското метро.

Вчера анонимен сигнал за поставени експлозиви наложи да бидат затворени три метростаници во градот - „Театралнаја“, „Крешчатик“ и „Плоштад независност“. Седум часа подоцна тие беа отворени.

10.12.2013 - 11:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега