Пандов за Катица Јанева: Кого правите будала народот или сами себе

Дали народот го правите будала или сами себе, каде се парите. Ова го напиша Александар Пандов за апсењето на специјалната обвинителка Катица Јанева.

- Чекај, чекај малку. Каде се парите? До сега познати и потврдени се од Сиљан Мицевски 750.000 еура и од стружанецот 250.000, повлечени преку Меѓународниот сојуз. Тоа се 1.000.000 еура. Од Орце зимаат прво 500.000, а потоа 1.000.000 во Луј Витон. Плус 400.000 од Жаре преку Башановиќ, тоа брат брату се вкупно 2.900.000. еура, до сега. Потпретседателот на ВМРО Николовски тврди дека се изрекетирани околу 20 милиони еура. Од сета таа тешка пара Јовевски и Рускоска ја најдоа кабает Катица за не цели 5.000 еура!? Па кого правите будали бе народот или сами себе? Пак ќе прашам каде се парите? Ако вие не знаете викнете ги во обвинителство паровите Ременски и Шеќерински, можеби тие знаат! Костадин на таа близина и интима со Боки Тредичи сигурно знае нешто или него ради друго го дружел? Зоран Заев после Орце прв пријавил, него не го чепкајте, сигурно појма немал! Ваљда свесни сте дека оваа власт за неколку месеци ќе падне и дека овие криминалии ќе мора да бидат расчистени, парите одземени, а криминалциве и рекетарите осудени! Чуството кај народот, а и мое лично е дека вие свесно се правите да го заташкате случајов, а криминалциве и рекетарите со што полесно да поминат. Па така од до сега земените 2.900.000 еура вие цел рекет го сведовте на тросед, двосед и табуретки. Едно време и Катица така ко вас излегуваше по пресови, па видете ја сега, главата не знае каде и е. Брзо минува времето, а уште побрзо ќе дојдат промените, па да не се чешате на крај и вие каде што не ве чеша, напиша тој на Фејсбук.

 

Таа вчера беше приведена и однесена во затворот Шутка околу случајот Рекет.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.08.2019 - 08:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега