Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, најави радикална промена во македонските затвори – наместо само да ја одлежуваат казната, осудениците ќе мора да ја одработат. При посетата на претседателката Сиљановска-Давкова на „Идризово“, Пандов истакна дека работата и занаетот се единствениот пат кон вистинска ресоцијализација.

„Нашата цел е затворениците да научат занает и кога ќе излезат, да можат сами да приходуваат за живот, а не да му се враќаат на криминалот. За жал, сега доаѓаат само да ја одлежат пресудата, а ние ќе го смениме тоа“, дециден е Пандов.

Според него, „Идризово“ повторно ќе стане економска единица која ќе носи приход за државата. Веќе се подигнати фарми, а со втората фаза од реконструкцијата, затворот ќе добие и работилници за столарија, металургија и текстил.

Exit mobile version