Пандев: Вардар направи успех, кој тешко дека друга екипа од Македонија ќе го направи

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев во пресрет на дуелот со Полска во квалификациите за Евро 2020, освен за утрешниот дуел на нашата репрезентација, не пропушти и да каже неколку пофални зборови за ракометарите на Вардар кои направија историски успех.

„Вардар направи успех, кој тешко дека друга екипа од Македонија ќе го направи. И тоа што се случуваше деновиве покажа дека Македонија живее за спорт. Посакувам и нас да не дочекаат толку луѓе со пласман на Евро 2020″ , рече Пандев.

Му посакуваме на Пандев утре да постигне гол и да се радува нашата земја на уште една голема победа!

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.06.2019 - 18:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега