Пандемијата ги крена цените за храна

Цените растат во пандемијата, анализира Сител. Според Телевизијата, граѓаните се жалат дека ако со 500 денари порано можеле да наполнат една торба, сега не моожат да купат ништо.

-Велат дека е премногу скапо, а поради пандемијата многумина се со пониски плати, а некои и без работа, јавува Сител.

Универзитетскиот професор Лазар Јовевски вели дека има видлива, но и скриена инфлација.

-Економијата сега се бори со рецесијата. Еден од начините да се бори е со инфлацијата зашто секако е негативно, вториот чекор е намалување на производството и тоа веќе се случува. Но тука е и губењето на работните место, што се движи помеѓу 55 и 60.000 веќе изгубени работни места сметано од почетокот на 2020, па до денес, вели Јовевски во изјава за Сител.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.03.2021 - 22:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа